Железничкиот сообраќај во прекин, машиновозачите си го бараат вториот дел од платата за јуни

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Железничкиот сообраќај од вчера е во прекин поради бојкот на машиновозачите. Тие денеска очекуваат да се сретнат со менаџментот на претпријатието со цел да се најде решение за нивните барања.

„Сообраќајот се уште е во прекин. Го чекаме состанокот во 11 часот. Ние сме тука и го чекаме менаџерскиот тим“, изјави денеска за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во ЖРСМ- Транспорт.

Машиновозачите бараат да им биде исплатен вториот дел од платата за јуни, а најавуваат дека до УО на претпријатието и до Министерството за транспорт и врски ќе испратат допис во кој ќе побараат и исплата на надомест за квалитет.

Бојкотот започна вчера во 16 часот кога беше стопиран товарниот и патничкиот железнички сообраќај.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи