Гасиме пожари со „музејски експонати“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Вчера околу 13:00 часот избувна пожар во близина на граничниот премин Богородица, а во опасност беа бензинската пумпа на „Окта“, казиното „Фламинго“, како и граничниот премин кој неколку часа беше затворен.

По неколкучасовната интервенција, пожарот беше локализиран и ставен под контрола, а граничниот премин беше повторно отворен по 20 часот.

Но, она што го привлече вниманието на јавноста беше видеото на ТВ каналот ВИС од Струмица, на кое се гледа едно од возилата кои се користеа за гасење на пожарот.

Станува збор за доста стар и амортизиран противпожарен камион, кој одамна требало да биде ставен вон употреба.

Пожарите оваа година ги истакнаа сите недостатоци на системот за справување со непогоди. Покрај недостатокот на човечки ресурси, се понагласена е и употребата на возниот парк и опремата кои пожарникарите ги користат за борба со огнените стихии низ државата, кои во секоја нормална држава би биле музејски експонати, а не во првата борбена линија со огнените јазици. Но…

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи