Природни лекови против изгореници од сонце

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Изгорениците воопшто не се реткост во лето, особено кога температурата е пеколна, а зрачењето на УВ индексот е високо. Изгорениците се непријатни, болни и навистина го отежнуваат животот додека не заздрават.

10 природни начини да ги ублажите изгорениците од сонце

Алое вера

Докажано е дека едно од најдобрите растенија на природата за вашата кожа е токму алое вера поради нејзиниот смирувачки и хидратирачки ефект.

Чај

Идејата да се мие кожата со ладен, свежо наберен чај не е нешто на кое ќе ви текне веднаш, но е нешто на кое вашата кожа ќе ви заблагодари. Изладениот чај помага на природен начин да се стабилизираат pH-нивоата на кожата. Најдобра комбинација за ова е црниот чај со малку нане.

Краставици

Краставиците содржат многу вода и се полни со антиоксиданти, па вака ќе имаат одличен ефект за намалување на болката.

Компири

Постојат индикации дека скробот во компирите помага да се апсорбира топлината која зрачи од изгорениците, со што ја намалува болката.

Млечни производи

Можеби еден од најефикасните начини да се чувствувате подобро при изгореници од сонце, без дилема е јогуртот или киселото млеко. Освен смирувачкиот ефект и намалувањето на болката, протеините во таквите млечни производи создаваат вештачки заштитен слој на кожата, кој делува благопријатно.

Витамин Е

Како моќен антиоксидант, витаминот Е го намалува воспалението кое изгорениците го предизвикуваат. Екстрактот од витаминот, исто така е доволно нежен за да може да се нанесе директно на кожата која е во процес на лупење.

Ладен туш

Кога кожата претрпела сериозни сончеви оштетувања, водата е неопходен и неизоставлив фактор. Првин пијте многу вода, а потоа и повремено туширајте се со млака до студена вода.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи