Активни 2 пожари во Прилеп, општинскиот кризен штаб на вонреден состанок свикан од градоначалникот Јованоски


На вечерашниот состанок на Општинскиот кризен штаб, свикан на барање на градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, се расправаше за новонастанатата ситуација со пожарите кои деновиве ја зафатија околината на Прилеп.

„Да напоменам дека во текот на вчерашниот и денешниот ден изгаснат е пожарот на потег Канатларци – Подмол, додека пожарот кој почна на 2 август на потегот  Топлица – Ракле – Никодин се уште е активен.

 Денеска во попладневните часови се зголемија трите краци, едниот крак оди кон населеното место Никодин, вториот крак се движи од Ракле кон  запад и третиот од Топлица кон магистралниот пат Прилеп – Градско.

На денешниот кризен штаб се договоривме дека рано наутро, 30 припадници на Армијата, 16 претставници од Македонски шуми и ТППЕ да се упатат на местото на настанот се со цел да се укаже помош.

Јавните комунални претпријатија исто така се мобилизирани и ќе бидат на повик доколку е потребно засилување“, информира Јованоски.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи