Ликовна изложба, модни креации и „Музички спектакл“ на 3-от ден од НКС „Десет дена Крушевска Република“


Третиот ден од Манифестацијата Научно културни средби „Десет дена Крушевска Република“ помина во знакот на ликовната уметност, презентација на модни креации и музички концерт во чест на Тоше Проески.

Пред споменикот Македониум се одржа ликовна изложба и презентација на модни креации подготвени од студенти од Технолошко техничкиот факултет, катедра за архитектура и дизајн при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип. Модните креации беа претставени од учесници од факултетот и млади од Крушево.

Веднаш по завршувањето на овој настан на т.н. „летна сцена“ во рамки на Музејот на НОБ се одржа концерт насловен како „Музички спектакл“ од Влатко Груевски тенор и Андреј Наунов на пијано. Концертот како и секоја година е посветен на музичката ѕвезда Тоше Проески.

Денес, во рамки на 4-от ден од Манифестацијата, ќе се одвива програма на влашката заедница со почеток во 20 часот на летна сцена.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи