Прилепчанката каратистка Јованоска рано наутро во 3 часот ја очекува олимписко деби


Македонската репрезентативка во карате, во дисциплината кати, Пулексенија Јованоска, ќе биде нашата претпоследна натпреварувачка што ќе настапи на Летните олимписки игри во Токио.

Нејзиниот настап е закажан за в четврток наутро во 3 часот по македонско време. Во Нипон будокан салата во Токио, каде што се одржуваат мечевите во карате, тоа е 10.00 часот претпладне.

Прилепчанката Пулексенија Јованоска е првата македонска каратистка во историјата која ќе настапи на Олимписките игри. Каратето на овие ЛОИ првпат е олимписки спорт во натпреварувачка конкуренција, но од идните игри нема да биде тоа, па Јованоска уште долго време може да остане наша единствена претставничка во овој спорт со настап на олимписки игри.

Пулексенија е каратистка која години наназад успешно ја претставува Македонија на меѓународни натпревари.

И посакуваме среќа на Олимписките игри! За победа!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи