Акциска контрола на СВР Битола: 38 казни за брзо возење и 46 други прекршоци

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во текот на вчерашниот ден (04.08.2021) беше спроведена зајакната акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 38 возачи.

Од нив, 12 возилa ја пречекориле брзината надвор од населено место, а 26 мерки се преземени за брзо возење во населено место.

За време на контролата се констатирани и законски санкционирани и 46 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи