ЕУ ќе испрати опрема и помош за справување со пожарите во Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


ЕУ ќе испрати опрема и помош за справување со пожарите во Македонија, објави еврокомесарот за хуманитарна помош и кризен менаџмент Јанез Ленарчиќ.

 „ЕУ испраќа дополнителни противпожарни капацитети во Грција и Македонија за поддршка на одговорот на локалните власти. Помошта доаѓа од Шведска, Франција, Австрија, Бугарија и од програмата Коперникус на ЕУ“, напиша Ленарчиќ на Твитер.

Помош за гасење на пожарите во земјава веќе испратија Бугарија и Словенија, како и Србија со четири хеликоптери кои веќе се ангажирани во гасењето на огнената стихија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи