Направено воздушно извидување на опожарените локации

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Првите луѓе на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути, на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов и генералот во АРМ Орце Јордев денеска во претпладневните часови извршија воздушно извидување на локациите на активните пожари низ државата со цел планско и насочено делување на сите расположливи капацитети.

Тие истовремено извршија увид во веќе договорените координирани дејствија на сите надлежни институции ангажирани во превенција, локализирање и гаснење на пожарите и санирање на последиците од нив.

Овој вид на активности ќе продолжат со засилен интензитет и во наредниот период, со континуирано присуство на сите надлежни служби на терен.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи