Последниот круг на „Докторот“, деветкратниот светски шампион Роси објави крај на кариерата


После цели 30 години, италијанскиот легендарен мотоциклист Валентино Роси најави крај на својата неверојатна кариера.

„Ова е многу тежок момент за мене, тешко е да се знае дека нема да се тркам следната година, но беше одлично. Ова беше долго, забавно патување, да се има 25-26 години на Светското првенство е неверојатно. Имаше многу незаборавни моменти што ги доживеав со мојот тим“, изјави Роси.

„Докторот“ претходно објави дека ќе донесе одлука за својата иднина за време на летната пауза.

„Имав шанса да возам за мојот тим заедно со мојот брат, тоа е нешто што би сакал, но мислам дека е во ред вака. Имаме уште половина сезона, ќе биде тешко кога ќе стигнеме до последната трка, а сега е само време да ја објавиме одлуката“, рече Роси.

За време на богатата кариера, Роси освои 7 титули во најсилната категорија, последната во 2009 година, а покрај тоа, тој беше шампион и во класата до 125 и 250 кубни метри.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи