ЦУК: Еве каде низ државата има активни пожари, состојба до 13 часот


Центарот за управување со кризи излезе со соопштение за состојбата со активните пожари до 13:00 часот.

Штипски регион

Пожарот кој започна на ден 02.08.2021 година во атарот на с.Нов Истевник, маало Пасјак сеуште е активен и е во дијаметар од 9 км. До овој момент опожарена се околу 750 ха борова шума и нискостеблести растенија. Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови од 04:00 часот. Интервенираат 200 припадника на АРСМ; 25 вработени во ШС Голак – Делчево со 4 теренски возила; ТППЕ Делчево со 13 пожарникари, 2 цистерни и теренско возило; 5 припадника на Гранична полиција со 5 теренски возила; 3 припадника на ПС Делчево со 1 теренско возило; ЈПКД Брегалница со 10 вработени со 2 ровокапачи, теренско возило со 1 тон вода и 1 џип; РЦУК Делчево со 1 вработен, ТППЕ Македонска Каменица со 4 пожарникари со теренско возило; ЈП Камена река – Македонска Каменица со 10 вработени и 1 комби; и дел од ПП екипата од Р.Бугарија. Волонтери од Црвени Крст Делчево се на терен и доставуваат вода за пиење на ангажираните сили.

Во гаснењето на пожарот ангажирани се и 4 хеликоптери. На територијата на општина Пехчево, кај м.в.Бајаз Тепе пожарот сеуште е активен и се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик. Опожарена е високостеблеста дабова и борова шума, нискостеблести растенија, смрека, стрништа и пасишта. Интервенираат хеликоптери, 100 припадници на АРСМ, 20 Ренџери, дел од екипата од Р.Бугарија; ШС Равна Река – Пехчево со 30 вработени со 2 теренски возила со цистерни и 4 возила за превоз; ШС Малешево – Берово со 15 вработени со 2 теренски возила со цистерни и 2 теренски возила за превоз; ТППЕ Берово со 3 ПП возила и 7 пожарникари; ТППЕ Скопје, Штип и Струмица со по 2 пожарникари со 1 ПП возило; ДЗС со 1 теренско возило со цистерна и 4 вработени; РЦУК Берово со 1 вработен; ЕВН со 6 теренски возила за превоз; 35 луѓе од месното население. Се очекува во секој момент да пристигне специјална ПП единица од Словенија.

Пожарот на потегот Костин Дол – Ново Село (опш.Кочани и опш.Македонска Каменица) од ноќеска повторно е активен. Интервенираат ТППЕ Кочани со 15 пожарникари; ШС Осогово – Кочани со 10 вработени; Водостопанство – Кочани со 20 луѓе; и МЗШВ со 5 лица.

Струмички регион

Пожарот кај м.в.Погана, кој започна на ден 01.08.2021 година е со намален интензитет, односно нема активно горење. Досега опожарени се околу 1.200 ха ниско стеблеста шума (даб, габер, прнар, јасен). На терен интервенираат: ТППЕ Валандово со 2 ПП возила и 7 пожарникари; ШС Саланџак – Валандово со 14 вработени; ПО ДЗС Валандово со 7 припадника; АРСМ со 30 припадника; ЕВН Битола со 7 вработени, едно теренско возило и 1 цистерна и Здружение од Битола со 9 припадника. Има и 2 трактори за пренос на храна и вода за учесниците во пожарот. Поради намалениот интензитет на пожарот, денес учесниците во пожарот ќе вршат контролирање и гасење на недогорениот материјал.

Од страна на општина Гевгелија пожарот е под контрола. Опожарени се околу 200 ха мешана шума и сува трева. На терен се 13 лица од ШС Кожув Гевгелија.

Битолски регион

Во општина Прилеп, пожарот во атарот на с.Ракле – с.Никодин – с.Топлица е активен на еден крак према Рудникот Козјак и еден крак према високиот дел с.Крстец – с.Никодин. Опожарени се околу 2.000 хектари нискостеблеста дабова шума и лисната постилка. На потегот с.Крстец – с.Никодин гори нискостеблеста дабова шума.

Под контрола е кракот према с.Топлица, кракот према Црквата и викенд куќите во с.Ракле. На кракот од Магистралниот пат Прилеп – Градско, гори чалија, сува трева, грмушки и деградирана дабова шума.

Интервенираат 17 војници на АРСМ и ТППЕ Прилеп со 9 пожарникари со 2 ПП возила.

Од ноќните часови на ден 04/05.08.2021 година започнат е пожар на потегот Дрен – Смолани (опш.Прилеп) со кој гори сува трева, смрека, чолија и лисната постелка на површина од 0.5 ха. На истиот локалитет има и еден приземен пожар на м.в.Мањов Дол, каде гори нискостеблеста дабова шума.

Интервенираат 13 војници на АРМС, 3 пожарникари на ТППЕ Прилеп и 2 лица месно население, како и 7 работници на ШС Црн Бор Прилеп.

Охридски регион

Пожарот во атарот на с.Девич (опш.Македонски Брод), во 18:00 часот на ден 04.08.2021 година е ставен под контрола. Од утрово на терен се ТППЕ Македонски Брод со 4 пожарникари и 5 вработени од ШС Македонски Брод заради контрола на просторот.

Тетовски регион

ТППЕ Тетово од 09:40 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенираат поради запалена сува трева кај сточниот пазар во с.Голема Речица.

Кумановски регион

ТППЕ Куманово со 4 пожарникари и 1 ПП возило, од 07:00 часот интервенираат поради запалена сува трева во атарот на с.Јачинце. ТППЕ Старо Нагоричане со 3 пожарникари со 1 ПП возило, во 09:30 часот е упатена на терен кон атарот на с.Жељудино поради контрола. Пожарот во атар на с.Коњух (опш.Кратово) е изгаснат, а на терен поради контрола се наоѓа екипа на ЈП Македонски Шуми.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи