Груби: Помалите заедници не се доволно застапени во јавната администрација

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Правичната застапеност на помалите заедници во Македонија не e доволно реализирана, оцени првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедници Артан Груби на теркалезната маса по повод 20-годишнината на Охридскиот договор на тема „Важноста на Рамковниот договор за помалубројните заедници”.

„Не е доволно направено за адекватна застапеност  на помалите заедници во јавната администрација. Тоа мора да се унапреди. Затоа во последните неколку месеци имам блиска соработка со Агенцијата за остварување на правата на заедниците и се надевам дека ќе успееме да ја поправиме таа слика.

Во однос на употребата на јазикот сметам дека има голем напредок затоа што повеќето јазици на помалите заедници се официјални јазици во неколку општини. Истото се однесува и на симболите и културните особености.

Но, во однос на правичната застапеност ќе треба да се направи многу повеќе“, рече Груби.

Воедно, првиот вицепремиер зборуваше и за реорганизациајта на органите на државната управа, при што истакна дека се зборува за намалување на бројноста во институциите за над 20 %, со тоа што некои ќе се спојат, а други кои е утврдено дека нема потреба да функционираат понатаму, ќе бидат укинати.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи