ДИК ја отфрли жалбата, на локалните избори за прв пат ќе се гласа со отпечатоци од прсти

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Државната изборна комисија, на денешната 12-та седница, наведе дека е одбиена жалбата за набавка на уреди за биометриска идентификација на гласачите со отпечаток од прст, со што во наредниот период ќе се склучи договор со економскиот оператор за набавка на истите.

„Комисијата половина час пред седницата доби известување од Државната комисија за решавање по жалби за јавни набавки, дека жалбата поднесена во постапката за тендерската постапка за набавувањето на уредот за биометриска идентификација на гласачите со отпечаток од прст е одбиена.

Тоа значи дека конечно ДИК, како договорен орган има правосилна одлука, односно конечна одлука во постапката. Избран е економскиот оператор и во наредниот период ќе се пристапи кон склучување на договор за набавка на уредите“, беше соопштено на седницата.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, исто така порача дека со ова е исполнет и последниот услов за одржување на локалните избори и изрази надеж дека со овие апарати ќе се оствари правото „еден гласач-еден глас“.

„Ние имавме подготовки од два дена кои траеја по цел ден, така што сме подготвени за почеток на изборите, ја чекаме одлуката на претседателот на Собранието Талат Џафери. По донесувањето на одлуката и добивањето од страна на Службен весник, веднаш ќе одржиме седница на која треба да го донесеме роковникот за спроведување на локалните избори, посочија од ДИК.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи