Пожарите во Прилеп се активни со јак интензитет

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Според последните информации на Центарот за управување со кризи (ЦУК):

Во општина Прилеп, пожарот во атарот на с. Ракле – с. Никодин – с. Топлица е активен со јак интензитет.

Од с. Ракле евакуирани се 2 неподвижни стари лица и префрлени во својот дом во Прилеп.

Интервенцијата ја спроведе екипа од МВР ПС Прилеп со  возило на ПС Прилеп.

Во с. Ракле останати се уште 5 лица, а интервенираат 7 пожарникари од ТППЕ Прилеп и 10 лица од месно население.

 

Пожар на потегот с. Дрен – с. Смолани (општина Прилеп) во кој гори сува трева, смрека, чолија и лисната постелка е со јак интензитет.

На истиот локалитет има и еден приземен пожар на м.в. Мањов Дол, каде гори нискостеблеста дабова шума.

Интервенираат 3 пожарникари на ТППЕ Прилеп и 2 лица од месно население, како и 7 вработени од ШС Црн Бор Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи