Пред 1 месец имавме 130, заклучно со вчера имаме 955 активни случаи на ковид-19

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Заклучно со вчера има 955 активни случаи на ковид-19 во Македонија, а само пред 1 месец беа активни само 130 случаи.

Од 955 случаи, 285 се во Тетово и 275 во Скопје. Потоа следуваат: Куманово (90), Гостивар (84), Битола (38), Дебар (29), Струмица (27), Кичево (23). Десет градови немаат активни случаи.

Епидимиолошката служба на тетовскиот Центар за јавно здравје оцени дека за само 1 месец од регион со спорадични случаи, Тетово е во фаза на широко распространета трансмисија на Ковид-19 и се очекува бројот на новозаболени да расте уште повеќе.

Зголемениот број се должи на непочитување на мерките и протоколите, а инфицираните се од семејни прослави и потоа од ширење на контактите. Многу од заразените се дојдени од западните земји, појасни  епидемиологот Субашиќ, кои по престојот во државава се тестираат за да може да заминат во земјите каде што работат.  Голем дел од нив се млади лица и  често се инфицирани, но без симптоми.

Во Тетово има и најмногу хоспитализирани болни од Ковид-19. Од вкупно 105 во целата држава, во тетовската клиничка болница лежат 32 пациенти – шест повеќе од претходниот ден.

На Инфективната клника во Скопје има 20, исто толку во гостиварската болница и 10 во Општата болница во Куманово. Во болницата во Струмица има 7 пациенти, 6 во Прилеп, по 4 лица се хоспитализирани  во Битола и Штип и по еден во болниците во Велес и Струга.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи