Пристигнаа 20.000 вакцини „Астра Зенека“ донација од Хрватска

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Утрово во Mакедонија пристигнаа 20.000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Република Хрватска. Вакцините веќе од следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата. Ова е втора донација на вакцини „Астра Зенека“, од страна на хрватската Влада.

На почетокот од месец јули донација од 10.000 вакцини, донесе министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче изразува голема благодарност до хрватската Влада за овој чин на солидарност.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи