Прилеп започна со одбележувањето на 20 години од загинувањето на 10-те бранители кај Карпалак

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Со положување на свежо цвеќе пред двете спомен обележја во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, започна одбележувањето на 20-годишнината од загинувањето на десеттемина прилепски бранители кај месноста Карпалак.

Почит на загинатите бранители Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски… оддадоа градоначалникот Илија Јованоски, Советот на Општина Прилеп, претставници од Владата , Армијата, семејствата на загинатите бранители, здруженија на бранители и граѓани.

 

Делегациите ја посетија и Спомен собата во касарната во која се изложени фотографии од трагичниот настан. Потоа положија свежи цвеќиња и пред спомен плочата во село Лениште, а го посетија и манастирот „Света Петка“ изграден со заложба на преживеаните бранители.

Во поздравното обраќање до присутните потполковник Славчо Кузманоски, командант на гарнизонот  ’Мирче Ацев’ истакна дека секоја одмината година од досегашните 20, денешниот ден е ден кога емоциите кај секого се поделени.

„Во секоја одмината година од досегашните 20, денешниот ден е ден кога емоциите кај секого се поделени. Од една страна се мешаат емоции и чувства на гордост за хероизмот на нашите другари: Нане, Сашо, Веби, Бранко, Горан, Ердован, Дарко, Љубе, Пецо и Марко, припадници на резервниот состав на единицата и емоции и жал од друга страна поради саможртвата на нашите херои кои како лојални и чесни граѓани ја исполнија својата света должност, положувајќи ги своите животи на браникот на татковината“, истакна потполковник Славчо Кузманоски.

 

Убиството на 10-темина прилепски бранители, членови на резервниот состав на АРМ, се случи на 08.08.2001. кај месноста Карпалак, на патот Скопје-Тетово.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи