Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 20-годишнината од Карпалак


Попладнево во Прилеп во 18.00 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот во кругот на касарната „Мирче Ацев“ кој што е посветен на 10 мината загинати прилепчани на Карпалак. Годинава се одбележуваат 20 години од овој трагичен настан кој се случи на 8 август 2001 година. Почит ќе оддадат членови на семејствата на загинатите, претставници од касарната, преживеани, од здружението „Карпалак”, од локалната самоуправа, здруженија и граѓани. Десетте припадници на резервниот состав на Армијата загинаа кога во заседа беше нападнат армискиот конвој на патот Скопје-Тетово, кај месноста Карпалак од страна на терористите.

Цвеќиња ќе бидат положени и пред споменикот во селото Лениште и ќе биде посетен манастирот „Света Петка” каде ќе се служи богослужба.

Утре изутрина, на денот на годишнината, претставници на семејствата, преживеани, од локалната самоуправа ќе заминат на месноста „Карпалак” да оддадат почит за загинатите, а воедно ќе бидат посетени и вечните почивалишта на 10-те загинати бранители на градските и месните гробишта.

Панихида за загинатите, утре од 10 часот, ќе се одржи во црквата „Света Петка” во прилепската населба Точила, а централното чествување е утре напладне пред споменикот Карпалак во центарот на Прилеп.

Во заседата на армискиот конвој на 8 август 2001-та кај месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово загинаа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски, сите од резервниот состав на Армијата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи