Филипче: Ковид-мерките ќе важат и на отворено,прележан ковид не создава доволно имунитет, потребно е вакцинирање

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Новите мерки против ковид што Владата ги донесе и ќе важат од 16 август се однесуваат за сите организирани настани, семинари, конференциии, посета на угостителски објекти на затворено за што постојат протоколи, но ќе важат и за на отворено, рече министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

„Вакцината е единствен инструмент дека ние можеме да ја смениме сликата. Евидентно е дека болеста побрзо се шири кај невакцинираните. И не сакаме да воведуваме порестриктивни мерки. Во есенските месеци очекуваме ризик факторите да се зголемат, затоа што повеќе луѓе ќе се вратат на работа“, кажа Филипче.

Засега нема одлука за институциите, но тој апелира до раководителите на сите државни институции и приватни фирми да ги мотивираат вработените да се вакцинираат.

За присуство на состаноци, конференции, семинари и работилници за кои веќе има протоколи ќе биде неопходно да се приложи сертификат за вакцинација за примена најмалку една доза и потребно е да се обезбедат редарски служби за овие настани.

„И досега беше во ингеренциите на инспекторатите да се контролира почитувањето на протоколите и колкав капацитет е пополнет во една просторија. Оваа недела ќе ги направиме тие координации за секој да си ги знае своите ингеренции. Задолжени се сите институции каде се организираат такви настани да имаат редарска служба која ќе ги бара тие сертификати, а понатаму контролата ќе биде преку инспекторат. Имавме стручна дискусија и ставот е дека прележана болест, антитела, односно имунитет од прележана болест не штити доволно, не создава доволно имунитет како што создава вакцината“, рече Филипче.

Тој посочи дека сосема навремено ги предлагаат сите мерки и дека најавувале повеќе месеци наназад дека ќе ги воведат и го чекале моментот кога за тоа е соодветно.

„Ние не можеме да предвидиме дали овој раст ќе продолжи или ќе запре. Се надеваме дека ќе запре заради тоа што сепак имаме одредена бројка на вакцинирано население, околу 500 илјади граѓани кои се вакцинирани и следниве недели ќе бидат ревакцинирани. Сметаме дека тоа може да го успори растот. Раст има и во другите земји, меѓутоа мора да ги преземеме овие мерки сега и тие се навремено преземени. Мислам дека ова ќе даде добри резултати со цел другите процеси кои треба да почнат од есенските месеци, на пример училиштата да почнат како што посакуваме“, рече Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи