Активни пожари во повеќе региони во државава

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во државава сè уште се активни неколку пожари, а на терен се екипи кои се обидуваат да ги контролираат, да ги локализираат и целосно да ги изгаснат пожарите.

Центарот за управување со кризи на прес-конференција информираа за пожарите кои се активни, локализирани или целосно изгаснати.

„Ставен под контрола е пожарот во Нов Истевник во Делчевскиот регион, но и понатаму има чадење, па затоа таму се војниците, а и локалната самоуправа. Пожарите во Будинарци во Пехчевскиот регион уште се активни. Таму гори борова шума и има пожарникари од Словенија, Австрија, околу 40 војници на АРМ и еден хеликоптер на АРМ кој го гасне овој пожар. Пожар има и во скопски Сарај, како и во околината на Букович и Ласкарци, но таму се работи за непристапен терен. Огнот оди нагоре кон сртот, а лица од националниот парк Јасен го следат овој пожар. Овој простор го надлетуваат и дронови за да се види од каде може да се локализира. Гори и во Петровец, во село Дивље. Се работи за мешана шума и овој пожар се следи. Пожарот во Старо Нагоричане е уште активен, а тој избувна вчера. На терен се пожарникари и претставници од месното население и овој пожар не е опасен. Со романскиот „Спартан” се гасне во Прилеп, каде гори неколку дена. Во Штип пожарот е изгаснат, а во Битолско е ставен под контрола”, информираат од ЦУК.

Од таму информираат дека други пожари нема, а се следи состојбата и во Росоман, во кавадаречкиот регион.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи