За една година трошоците за живот се зголемени за 3,4 %

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Трошоците на живот во јули во однос на јуни се зголемени за 0,5 %, а цените на мало за 2,3 %, објави денеска Државниот завод за статистика. Податоците покажуваат дека за една година, од јули 2020 година до јули годинава трошоците на живот се зголемени за 3,4 %, а цените на мало за 5,4 %.

Пораст во однос на претходниот месец јуни е забележан кај цигарите за 0,9 %, млекото за 0,8 %, лебот и житата за 0,4 % и пивото за 0,3 %. Зголемување има и кај воздухопловниот патнички транспорт за 49,9 %, гасот за домаќинствата за 8,4 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 5 %, течните горива за домаќинствата за 4,7 %, туристичките пакет-аранжмани за 3,4 %, услугите за сместување за 2,2 %.

Намалување е забележано кај маслото и маснотиите за 2,2 %, виното за 1,6 %, месото за 0,7 % и сирењето и урдата за 0,3 %. Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот има и кај парамедицинските услуги, теписите, облеката, мебелот и покуќнината, кујнскиот прибор, обувките.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи