Регулаторна одлучи: Горивата поевтинуваат од полноќ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Бензините и дизелот од полноќ поевтинуваат за 1 денар, а екстра лесното масло за домаќинствата за 1,5 денари, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Новата цена на литар од моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 72 денари, а 74 денари на ЕУРОСУПЕР БС -98, додека дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 62,5 денари за литар, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по 62 денари.

Поевтинува и мазутот М-1 НС за 1,105 денари за килограм и ќе се продава по 36,876 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи