Спасовски: До ДИК ги доставивме отпечатоците на граѓаните и нивните податоци

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерството за внатрешни работи денеска во 20 часот до Државната изборна комисија ги достави податоците на граѓаните, вклучително и отпечатоците од прсти, објави на својот профил на Фејсбук, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој потенцира дека Министерството го испочитува рокот за доставување од 48 часа по распишување на локалните избори, предвиден во Изборниот законик.

Според законските измени, идентификацијата на гласачите сега ќе се врши со отпечаток на прст, за што се набавуваат читачи на отпелатоците, односно уреди „фингерпринт“, кои преку софтверот веднаш на изборната комисија на гласачкото место и дава потврда за идентитетот на гласачот.

ДИК пак, објави дека е завршена жалбената постапка на јавната набавка на уредите и дека е избрана германската фирма „Дермалог“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи