Натпросечни температури до 41°C и висок УВ индекс и во наредните денови

Facebook
Twitter
Email
Print


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, поради што ќе биде активирана жолта, а во југоисточниот дел од земјата портокалова фаза за опасност од високи температури. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 41 степени. УВ=9

Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 16 °C до 37 °C.

УХМР со актуелно предупредување:

Денес и утре времето ќе биде претежно сончево и многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Со прогнозираните температурни вредности ќе биде активирана жолта, а во југоисточните подрачја, каде максималните температури повторно ќе надминат 40 степени, портокалова фаза за опасност од високи температури.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи