Еко акцијата TrashTour во Прилеп на 26 август

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Групата „За почиста Македонија“ организира акција за чистење во шест градови во државава. Најпрво, на 24 август ќе се чисти Кичево, а во наредните денови се до 29 овој месец, ќе се отстранува фрлениот отпад во Охрид, Прилеп, Кавадарци, Струмица и Штип.

„Преку глава ви е од гледање ѓубре во градовите, пластика во природата? Спремајте се за чистење, TrashTour доаѓа во вашиот град! Ако сакаш да бидеш дел од авантурата, дојди на акцијата во твојот град со друштво, придружи ни се со твојата организација/фирма, спонзорирај нè со оброк од твојот ресторан. Добредојден е секој кој сака да придонесе на било каков начин“, се вели во повикот од „За почиста Македонија“.

Оттаму ги повикуваат граѓаните на посочените градови да предложат локации кои би сакале да ги видат чисти.

„Ние носиме опрема за чистење и TrashTour маици, а вие понесете позитивна енергија и желба за промена. За прв пат, движењето се шири и подалеку од Скопје“, велат оттаму.

Настанот е организиран во рамки на проектот “Еко турнеја Македонија – Не за ѓубре, Да за акција”.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи