Колку би чинел нов „Стоеден“ денес?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Автомобилот „Застава 101“, познат како „Стоеден“, „Стокец“ и „Стојадин“, се произведувал во Крагујевац од 1971 до 2008 година.

Една од тајните на успехот беше италијанската подлога, како и фактот дека беше еден од првите компактни модели на пазарот. Практичните пет врати беа реткост. Набргу по почетокот на производството, моделот на Застава 101 се здобил со статус на „национално возило“ во Југославија и станал најпродаваното возило „Застава“. Поради достапната цена, моделот бргу ги поплавил домашните патишта и улици, и постигнал значителен успех во извозот, пред сè во западните и источните европски земји и низ целиот свет.

Страница на „Фејсбук“ наречена „Застава 101 форум“ објави исечок од списанието „Авто“ од 1972 година. Тогашната цена изнесувала 40.040 динари, односно 2.084 долари.

Доколку се пресмета инфлацијата од претходните речиси 50 години, тоа би значело дека сосема нов Стоеден денес би чинел 11.441 евро.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи