Локализиран но се уште активен пожарот кај селата Топлица, Ракле и Никодин

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Состојбата со пожарите во земјава е под контрола. Сепак, сѐ уште се активни неколку пожари.

Според последните информации активни се пожарите во Општина Прилеп кај селата Топлица, Ракле и Никодин кој е делумно локализиран, но на одредени места се уште има чадење и таму вчера  дејствуваше авионот на Романското воено воздухопловство вчер.

Во делчевскиот регион во село Разловци и село Нов Истевник пожарот е ставен под контрола, но има мало чадење во местото викано Грбовец. Пожарот во Пехчево во село Будинарци се уште е активен, иако во текот на вчерашниот ден изгледаше дека е локализиран, но се појавија нови жаришта.

Поради пожарите уапсени се 4 лица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи