Промоција на каталог со проекти „Од млади за млади“ во Крушево

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print
Иницијативата „Од млади за млади“ во четврток пред црквата Св. Никола во Крушево ќе направи промоција на документот кој ги содржи предлозите на младите од градот за тоа што им е најпотребно нив со цел подобрување на социо-економскиот аспект од животот, а кој се надеваат дека ќе се најде во предиборните програми на партиите.
„Дојдовме до финалето на иницијативата „Од млади за млади“, односно промоција на документот кој ги содржи предлозите на младите. Ова е документ кој е обележје на младите од Крушево и затоа ве покануваме да се приклучите на настанот и да земете копија од каталогот со проекти.
Ги покануваме политичките партии, советници и градоначалник да не’ посетат и да подигнат копија од документот, а наша порака до нив ќе биде проектите да бидат дел од идните предизборни или годишни програми за работа.
Да го одбележиме Меѓународниот ден на младите на вистински начин!“, велат од иницијативата.
Иницијативата „Од млади за млади“ е дел од „Поддршка на изборните реформи“ проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) и нејзиниот партнер, Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).
Имплементатор на иницијативата „Од млади за млади“ е Сотир Габелоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи