Словенечкиот премиер со поддршка на македонски: Храбро, Македонија, вие не сте сами

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Словенечкиот премиер Јанез Јанша на Твитер со поддршка напиша дека Македонија не е сама во борбата против пожарите.

„Храбро, Македонија. Вие не сте сами во борбата против огнот“, напиша Јанша.

Словенечките пожарникари беа меѓу првите странски екипи кои пристигнаа во земјава.

Противпожарниот тим од Словениј брои 45 лица, медицинска екипа, 11 противпожарни и транспортни возила и специјализирани екипи опремени со сите можни ресурси.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи