За 70 денови татко изработил дрвено Ферари копија на најскапиот автомобил за неговиот син


Многумина сонуваат за Ферари, но само мал број на луѓе можат да си го дозволат тоа. Видео објавено на Јутјуб од ND-Woodworking Art покажува човек од Виетнам кој направил Ferrari 250 GTO за неговиот син, целосно од дрво.  Му требале вкупно 70 дена да го изгради целиот автомобил.  Иако овој дрвен модел го нема популарниот V12 мотор, тој вози со електричен погон.

Видеото привлече бројна публика. Многу луѓе од целиот свет ја препознаа вештината на креаторот и Ferrari GTO 250 го нарекоа ремек -дело.

Во извештајот на Motor1 се вели дека Ferrari 250 GTO од 1963 година е најскапиот автомобил во светот, бидејќи во 2018 година, моделот со број на шасија 4153GT бил продаден во приватна продажба за неверојатни 70 милиони долари. Автомобилот може да достигне брзина од 100 километри на час од нула за 2,9 секунди и има максимална брзина од 280 километри на час.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи