10 дена карантин за туристите што ќе добијат позитивен тест во Грција

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Согласно новите, ажурирани упатства на Националната организација за јавно здравје на Грција во однос на карантинот на позитивни случаи и нивните блиски контакти, предвидена е десетдневна изолација во хотелите карантин за туристите во Грција, доколку бидат тестирани и добијат позитивен резултат.

За завршување на изолацијата, без разлика дали лицето е вакцинирано или не или дали има прележано ковид-19, во случај да е асимптоматско, треба да поминат 10 дена од тестирањето, или 10 дена и 3 дена без температура, во случај да има симптоми, како и негативен резултат од брз тест и за двата случаи. Овие правила и упатства не се однесуваат на зараза со некоја од мутациите на ковид-19, каде што се следат специјални протоколи.

Во однос на туристите во Грција кои се блиски контакти на заразеното лице, во карантин влегуваат доколку се невакцинирани или немаат прележано ковид-19.

Како што пишува во упатствата на Националната организација за јавно здравје на Грција, за „укинување на карантинот на блиските контакти на туристите, кои беа дијагностицирани како случаи на ковид-19 на влезните точки или за време на нивниот престој во земјата”, потребно е да поминат 7 дена во карантин од последниот контакт со потврдениот случај и на 7. ден да имаат негативен резултат од молекуларен тест или пак да останат 14 дена во карантин без да се тестираат.

Целосно вакцинираните или оние кои во претходните 6 месеци биле заразени, доколку се близок контакт на заразено лице се ослободени од карантин, но потребно е да направат молекуларен тест.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи