Исплатени средства за 206 тутунопроизводители

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски информира дека се исплатени средства за 206 тутунопроизводители кои ги подмирија долговите за вода и пашарина.

На сметките на тутунопроизводителите се префрлени 11,4 милиони денари за произведен и предаден тутун од реколтата 2020.

„Во наредните денови се очекува да се исплатат субвенциите за засеани површини со сертифициран семенски материјал, а ќе следи и исплата на сите кои ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка за мерка 2.17 директни плаќања за регистрирано презимено пчелино семејство. Во текот на наредната недела продолжува обработката на барањата за произведено и предадено млеко, по што сите кои ги исполниле условите ќе им биде исплатена финансиската поддршка“, вели Бачовски.

Според Агенцијата, политиката на неселективна исплата на субвенции продолжува.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи