Македонски шуми: Милионски штети од пожарите, потребни 50 години за обнова на шумите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во изминатите 2 години штетата од пожарите изнесува околу 14 милиони евра. Штетата од пожарите годинава допрва ќе се утврдува. За обнова на опожарената површина, според Македонски шуми, потребни се 50 години.

Во 2020, според годишниот извештај на Македонски шуми во земјата имало имало 102 пожари. Вкупно била опожарена површина од 1.233 хектари. Oпожарената дрвна маса изнесувала 8.138 м3. Додека пак била причинета штета од околу 1 милион и 300 илjaди евра.

Во 2019, според годишниот извештај на Македонски шуми во земјата имало имало 402 пожари или четири пати повеќе од лани. Загубите се далеку поголеми, односно биле опожарени 15.675 хектари. Oпожарената дрвна маса изнесувала 95.938 м3. Штетата која ја нанеле пожарите била околу 13 милиони евра.

Колку чини пошумувањето зависи од површината, од видот на почвата и какво дрво каде успева, вели директорката на Јавното претпријатие Национални шуми Јулиана Николова.

„Во консултација со колегите кои се експерти во оваа област околу 50 години треба да дојде во некоја првобитна состојба, што е навистина многу“, вели Николова.

Во 2020 вкупно имало пошумување од 569 хектари, според податоците на Државниот завод за статистика. Поголема е бројката во 2019 и 2018 година кога по речиси илјада хектари биле насадаени. За трите години било извршено пошумување со 2493 хектари. Вкупната површина на шума лани, како што наведува статистика изнесувала 910.552 хектари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи