На денешен ден во 1945 година жените во Југославија се изборија за право на глас

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На денешен ден, на 11 август 1945 година, жените во Југославија се изборија за право на глас.

Правото на глас за жените беше потврдено уште во 1941 година во документите на Врховниот штаб на народноослободителните партизански одреди на Југославија, кој во тоа време имаше контрола над териториите ослободени од нацистичката окупација.

Тоа право првпат е искористено по Втората светска војна, на изборите за Уставотворното собрание во ноември 1945 година. Во тоа време, сите мажи и жени во земјата над 18-годишна возраст гласаа за Уставотворното собрание.

По овие избори, првите на кои југословенските жени имаа право на глас, на 29 ноември 1945 година, монархијата беше укината и беше прогласена Федеративна Народна Република Југославија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи