УХМР: Сушен јули, врнежите годинава далеку под просечните

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Количествата врнежи во јули годинава биле многу под просечните, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Најмногу врнежи имало во Лазарополе 83,9 милиметри, а најмалку во Струмица 0,4. Во Маврово се измерени 76,7 милиметри, во Охрид 44,2, во Битола 53,4, во Прилеп 37,8, во Крива Паланка 34,6, во Скопје 31,4, во Берово 3,3, во Штип 2,6, а во Гевгелија 1,1 милиметар.

„Споредено со многугодишните просечни вредности, измерените месечни суми на врнежи на сите мерни места се под просечните количества и тоа за два до три пати, а во југостичниот дел врнежите беа незначителни“, соопштува УХМР.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи