Министерот за економија, Крешник Бектеши и директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска, на денешната средба разговараа за имплементација на одлуката за превентивни препораки, временски мерки, протоколи, планови и алгоритми за дејствување за заштита од Ковид-19.
Како што информираше министерот преку својот профил на Фејсбук, засилене контроли ќе има од понеделник.
„Од оваа причина, вакцинирајте се, за да можеме да го одржуваме нашето здравје“, напиша Бектеши.
За да се спречи повторното ширење на епидемијата на коронавирус во државата од 16ти август стапуваат на сила нови рестриктивни мерки кои ги усвои Владата на седницата што предмалку заврши. Новите мерки предвидуваат потврда за имунизација за влез во затворен дел на секаков тип на објект каде што има повеќе од 30 лица,забрана за прослави во затворениот дел на угостителските објекти, а терасите на кафулињата, рестораните и кафеаните продолжуваат да работат со 50 отсто од капацитетот.