Пожарот во атарот на селата Топлица, Ракле и Никодин е се уште активен во делот од Топлица према село Крстец во тешко пристапен терен.
Во текот на вчерашниот ден интервенирале 6 работници од ЈП Национални Шуми – „Црн Бор“ – Прилеп.
Во текот на денот немало поддршка за гасење со воздухоплови.
ТППЕ – Прилеп не извести дека не испратиле екипа на овој пожар во текот на денот.
За состојбата со пожарот од страна на РЦУК – Прилеп известени се ЕЛС – Прилеп, ДЗС – Прилеп, МВР – ПС Прилеп.