Состојба со пожари низ земјата до 13 часот


Состојба со активни пожари до 13 часот на ден 11.8.2021:

Пожарот кај селата Раовиќ – Буковиќ е активен на неколку правци, а истиот е префрлен и на дел од ловиштето Јасен.

Интервенира и хеликоптер на АРСМ.

Интервенираат:

АРСМ со 20 припадници;

ШС Јасен со 3 вработени;

НП Јасен со вработени;

БППЗ со 3 пожарникари со 1 ПП возило.

 

Пожарот кај с.Дивље и с.Крушје е со намален интензитет, а од одговорниот во ШС Караџица добиено е известување дека ќе продолжат со гаснење.

Интервенираат:

ШС Караџица со 12 вработени;

БППЗ со 3 пожарникари и 1 ПП возило.

 

Пожарот кај с.Топлица е активен кон с.Крстец и е со слаб интензитет.

До овој момент екипата се справува со гасење во нискиот дел од с.Ракле над м.в.Габо село, каде гори лисната постилка. Во високиот дел има само чадење, без пламени јазици.

До овој момент немаат потреба од дополнителна помош.

Интервенираат:

ШС Црн Бор Прилеп со 6 вработени.

 

Пожарот во атарот на село Слатина е локализиран, но има чадење во внатрешноста каде има екипа од ШС М.Брод.

Интервенираат

ШС Сандански – Македонски Брод со 5 вработени

Пожарот кај село Девич е локализиран, но има екипа од ШС Македонски Брод поради контрола на теренот.

Контрола на терен од ШС Сандански – Македонски Брод

 

Пожарот кој започна кај м.в.Бeјаз Тепе (опш.Пехчево), а потоа се префрли кај с.Будинарци (опш.Берово) е локализиран.

Наведените екипи се на терен и вршат обиколка на веќе опожарената површина.

На терен се присутни:

МВР 49 припадници;

ШС Равна Река Пехчево сп 8 вработени со 2 теренски возила со цистерни;

ШС Малешево со 8 вработени со 2 теренски возила со цистерни;

ТППЕ Берово со 1 ПП возило и 3 пожарникари;

ДЗС – Екипа за брз одговор со 7 луѓе и 1 теренско возило;

ПП екипи од Австрија и од Бугарија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи