Кривична и притвор за прилепчанец осомничен за предизвикување пожар во Дабница

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Полицијата приведе 34-годишно лице од Прилеп, кој се сомничи дека го предизвикал пожарот на местото наречено Дабница.

Вчера, СВР Битола до Обвинителството во Прилеп поднела кривична пријава против Е. М. (34) од Прилеп поради постоење основано сомневање за сторено кривично дело предизвикување општа опасност по член 288 од Кривичниот законик.

Имено, на 6.8.2021, околу 6.15 часот, во местото наречено Дабница, Прилепско, во близина на споменикот, тој бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп поради постоење основи на сомнение дека предизвикал пожар на местото Дабница.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи