Мицкоски нема да оди на прославата на Рамковниот договор

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Претседателот на партијата Христијан Мицкоски, а воедно ниту еден член на ВМРО-ДПМНЕ, нема да одговори позитивно на поканата и да оди утре на прославата на Охридскиот рамковен договор која ќе се одржи утре во „Александар Палас“.

„Ако вистински се грижеа за духот на рамковниот договор тогаш парите од прославата ќе беа попаметно да се пренаменат и дадат за реконструкција на училиштата во тетовско, гостиварско, кумановско или за решавање на проблемот со вода за пиење во Тетово. А, секако најдобро ќе се искористеа и за сервисирање на канадерите за гасење на пожар. Воедно треба власта да одговори дали прославата на рамковниот и одложување на мерките заради прославата не значи доказ за целосно политизирање на процесот и воедно лажната грижа за здравјето на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи