На помалку од 3 недели до почетокот на учебната година не се знае како ќе се одвива наставата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На помалку од три недели до почетокот на учебната година Министерството за образование и наука (МОН) не дава прецизни детали како ќе се одвива наставата.

Во последното соопштение на МОН се наведуваат 3 можности:

  • целосно отворање на училиштата и сите ученици да бидат во клупите, согласно сите усвоени протоколи,
  • онлајн настава како претходната учебна година за учениците од четврто одделени нагоре и
  • ротирање на учениците на една недела со физичко присуство во училиштата.

„Кое од трите сценарија ќе се применува ќе зависи од епидемиолошката состојба за што одлука ќе донесе Комисијата за заштита од заразни болести“, наведуваат од МОН.

На прашањето на Радио Слободна Европа дали покрај овие сценарија планираат и конкретни мерки ако се оди со физичко присуство, како на пример потврда за вакцинација на наставниот кадар и учениците над 12 години, сертификат за антитела или негативен тест, од Министерството велат „се зависи од одлуката на Комисијата за заштита од заразни болести“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи