Последен ден за пријавување за реонски попишувачи и инструктори

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите завршува денеска.

Конкурсот беше отворен на 20 јули и првично требаше да трае до 5 август, но поради летните одмори беше продолжен до 12 август.

Државниот завод за статистика ги повикува сите заинтересирани да се пријават на електронската апликација на следните линкови: www.stat.gov.mk  и https://popis2021.stat.gov.mk.

Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, ул. „Даме Груев“ бр.4 во Скопје, п.фах 506, најдоцна до 16 август 2021 година или на денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија ќе се одржи од 5 септември до 30 септември 2021 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи