ССМ: 30 % од луѓето кои останале без работа се млади лица под 29 години

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Секцијата на млади при Сојузот на синдикати на Македонија се приклучува кон одбележувањето на Меѓународниот ден на младите и го поддржува барањето за нов социјален договор базиран на петте клучни принципи: работнички права, сигурни работни места, социјална заштита, заштита од дискриминација и инклузија во општеството.

Од Секцијата на млади при ССМ посочуваат дека од почетокот на кризата предизвикана од коронавирусот, речиси 30 % од луѓето кои останале без работа се млади лица под 29 години што значи дека секој четврти човек кој останал без работа е млад човек.

„Според нашите податоци, најголем број на млади лица кои го загубиле своето работно место имале договор за вработување на определено време, што го потврдува податокот дека младите лица се една од најранливата категорија на лица кога станува збор за работнички права, работат на црно, имаат договори на определено, земаат плата пониска од останатите и работат на понесигурни работни позиции“, стои во соопштението од Секцијата на млади при ССМ.

Бараат ограничување на договорите на определено време од пет на една година по што работниот однос би се транформирал на неопределено време.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи