579 полициски службеници ангажирани во последното деноноќие за превенирање и гасење на пожарите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 11.08.2021 до 07.00 часот денеска (12.08.2021) во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Македонија, од страна на МВР беа ангажирани 579 полициски службеници, реализирани 187 мото-патроли и користени 149 возила, a на терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата.

На 10.08.2021 во Полициска станица Делчево, во врска со пожари кои настанале на подрачјето на ОВР Делчево, на службен разговор биле повикани две лица на возраст од 57 и 47 години, од с.Нов Иственик и од с.Црник.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи