ДКСК ги критикува предизборните вработувања – нововработените се ставаат во заложничка ситуација

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Институциите го заобиколуваат правилото за забрана за предизборни вработувања, изјави на денешната прес конференција претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска.

Според Ивановска, институциите го заобиколуваат законот на тој начин што огласите ги распишуваат пред изборите, додека самиот чин на вработување се случува после изборите.

„Со самото објавување ги ставаат во заложничка позиција оние кои што очекуваат да бидат вработени и тоа може да си користат како класичен клиентелизам, односно како обезбедување на гласови и тие замислете веќе некои се пријавиле и ги имаат нивните информации, кои се тие, кои се нивните семејства и тука има повеќе простор за големи сомнежи и тоа не е во духот на доброто управување“, вели Ивановска.

ДКСК уште еднаш ги повика локалната и централната власт да го почитуваат Изборниот законик.

„Во делот на измените во Изборниот законик предвидено е дека вработувања може да се вршат само во дел на неодложни и итни случаи, освен за потребите на воспитно образовниот процес“, појасни Катица Николовска од ДКСК.

Во однос на изборите, ДКСК и годинава ќе соработува со меѓународната фондација за следење на изборните политички системи. На нивната страна е објавен повик за пријавување на 50 набљудувачи за речиси сите општини, а прв пат годинава е објавен и повик за аналитичари со надлежност за анализа на финансиски извештаи, податоци од набљудувачите  од терен итн.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи