Започна реконструкцијата на улицата Мице Козар

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Започна реконструкцијата на дел од улицата „Мице Козар“ во должина од 300 метра. Станува збор за една од најфреквентните и најоштетените улици во градот, по која се движат и тешки товарни возила.

„Градежните активности на оваа улица ќе бидат завршени во следните петнаесетина денови, со што значително ќе биде подобрена безбедноста за сите учесници во сообраќајот на оваа улица.

Општина Прилеп продолжува со реконструкција и рехабилитација на повеќе улици во градот. Во текот на следната недела ќе започне асфалтирањето на кејовите „9. Септември“ и „1.Мај“, а со забрзано темпо продолжуваат и активностите за изградба на улицата „Целе Мавроски“.

При крај е поставувањето на бекатон плочки на тротоарите од двете страни на улицата „Тризла“, а од понеделник започнува и комплетната реконструкција на улицата „Трајко Николоски“, на потегот од од новиот мост кај „Сточен пазар“, до улицата „Александар Македонски“.

Она што можам да го кажам, е дека до крајот на градежната сезона ќе бидат реконструирани, рехабилитирани и изградени сите улици кои беа предвидени во Програмата на општина Прилеп за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за тековната 2021 година“, изјави градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи