Зошто петок 13 е несреќен ден – параскевидекатриафобија е страв од петок 13

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Фобијата од петок 13, исто така, има официјално име трискадекафобија или страв од бројот 13, и параскевидекатриафобија или стравот од петок 13.

Во САД, меѓу 17 и 22 милиони луѓе се плашат од петок 13. Секој петок 13 во светот на бизнисот има загуба од околу 900 милиони долари, според Центарот за контрола на стрес и фобија во Северна Каролина (САД). Имено, многу претприемачи се плашат да летаат на тој ден и да договараат работа и тоа е главната причина за загубите.

Повеќето облакодери во светот немаат 13. кат. Обично се нарекува ’12А’ или гостите едноставно немаат пристап до него. Многу хотели и болници немаат соба со број 13.

Некои веруваат дека почетокот на суеверието во бројот 13 започнало во нордискиот мит за 12-те богови што вечерале во Валхала. Како 13. гостин се појавил Локи, кој го организирал убиство на богот на радоста. Дури и денес некои француски ресторани ја нудат услугата на 14. професионален гостин. Имено, ако сте 13 луѓе и сте суеверни, ресторанот со задоволство ќе ангажира уште еден човек за да ви прави друштво.

На последната вечера беа присутни 13 гости, а професорот по психологија Стјуарт Вајс додава дека токму Јуда, кој го предал Исус, бил тринаесеттиот гостин.

Истражување ги потврдува стравовите – студија објавена во British Medical Journal покажа дека во петок на 13 имало 52% повеќе сообраќајни несреќи отколку во другите петоци. Шведските научници исто така открија дека тој ден во земјата секогаш се случува натпросечен број инциденти, пишува британски „Телеграф“.

Па затоа доколку сте суеверни и Вие, еве неколку работи кои не би требало да ги правите на петок 13-ти.

Внимавајте да не истурите сол;

Не поминувајте под скали;

Доколку кажете нешто лошо треба да чукнете во дрво;

На Петок 13-ти не треба да допрете буба-мара;

Не треба да го прекрстувате приборот за јадење.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи