МЗ: Ниеден вакциниран меѓу починатите од Ковид минатата недела, 87,1% невакцинирани меѓу новите случаи

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерството за здравство започнува со редовни анализи на неделно ниво за процентот на вакцинирани меѓу позитивните случаи и починатите од Ковид 19 во државата. Во оваа анализа за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од  примање на втора доза вакцина.

Во период 06.08 до 12.08.2021 на територија на државата 3497 граѓани се позитивни од тестирани, од кои 450 биле целосно вакцинирани, односно само 12,8%.

Голем процент, дури 87,1% или 3047 граѓани од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани.

Во период од една седмица на територија на државата починале 25 лица со Ковид 19, ниту еден од нив не бил вакциниран.

Во соопштението МЗ апелира граѓаните да се вакцинираат зашто само така ќе се постигне  колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на вирусот.  Укажува  дека секоја вакцина која е на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи