Проданоски: Кривична пријава против претседателот на Совет, Еленче Ташковска

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Денес Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, во Основното јавно обвинителство во Прилеп, поднесува кривична пријава против претседателот на Совет на Општина Прилеп, Еленче Ташковска, во врска со изборот на нов командир на ПС-ОН-Прилеп поради основи на сомнение за сторени кривични дела предвидени со Кривичниот законик, најави на денешната прес конференција претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп Дејан Проданоски.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

Почитувани,

Денес Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, во Основното јавно обвинителство во Прилеп, поднесува кривична пријава против претседателот на Совет на Општина Прилеп, Еленче Ташковска, во врска со изборот на нов командир на ПС-ОН-Прилеп поради основи на сомнение за сторени кривични дела предвидени со Кривичниот законик.

За време на 59-тата седница на Советот на Општина Прилеп и’ беше сугерирано од наша страна, советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата дека изборот на нов командир, ќе биде спротивен на законите.

И покрај нашите сугестии, мнозинството во Советот на Општина Прилеп, предводено од советниците од редовите на СДСМ и коалицијата, донесе решение за избор на нов командир на ден 29.07.2021, без претходно да биде разрешен со решение досегашниот командир. Дури на 04.08.2021, неколку дена после изборот на нов командир, е донесено вакво решение за разрешување од страна на министерот.

Очекуваме, надлежното Основно јавно обвинителство – Прилеп, сериозно да ја земе во работа оваа наша кривична пријава, а по неопходниот распит на пријавената како и останатите 14 советници кои ја изгласаа оваа точка и по изведувањето на останатите докази, како и по комплетирање на целокупната релевантна документација, да покрене обвинение против актуелниот претседател на Совет на Општина Прилеп, Еленче Ташковска, .

Правда мора да има и ќе има! Секој еден кој се ставил над законот ќе одговара!

Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Friday, August 13, 2021

„За време на 59-тата седница на Советот на Општина Прилеп и’ беше сугерирано од наша страна, советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата дека изборот на нов командир, ќе биде спротивен на законите.

И покрај нашите сугестии, мнозинството во Советот на Општина Прилеп, предводено од советниците од редовите на СДСМ и коалицијата, донесе решение за избор на нов командир на ден 29.07.2021, без претходно да биде разрешен со решение досегашниот командир. Дури на 04.08.2021, неколку дена после изборот на нов командир, е донесено вакво решение за разрешување од страна на министерот.

Очекуваме, надлежното Основно јавно обвинителство – Прилеп, сериозно да ја земе во работа оваа наша кривична пријава, а по неопходниот распит на пријавената како и останатите 14 советници кои ја изгласаа оваа точка и по изведувањето на останатите докази, како и по комплетирање на целокупната релевантна документација, да покрене обвинение против актуелниот претседател на Совет на Општина Прилеп, Еленче Ташковска, .

Правда мора да има и ќе има! Секој еден кој се ставил над законот ќе одговара!“, изјави Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи