Спасовски: Приведени 17 лица за подметнување пожари, уште 16 повикани на разговор

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Досега се приведени 17 лица, на разговор во станица повикани се уште 16 други за подметнување пожари, а веќе се поднесени три кривични и две прекршочни пријави, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Сакам уште еднаш да им изразам благодарност на сите пожарникари во државата, на полициските службеници, посебно на припадниците на специјалната полиција кои беа деноноќно на терен, на припадниците на Армијата, а посебно признание заслужуваат сите солидарни граѓани коишто се вклучија во гасењето на оваа огнена стихија“, напиша Спасовски на Фејсбук.

Во статусот, Спасовски нагласува дека во координација со јавен обвинител се работи на расчистување на сите случаи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи